🗺 ИСАР МАРВИНЦИ - КУЛТУРОЛОШКА ВРЕДНОСТ


🪨 По повод Меѓународниот ден на споменици и локалитети, ја потенцираме важноста на археолошката оставштина пронајдена во општина Валандово и нејзиниот придонес за развој на кутурниот туризам во државата.

📜 Исар Марвинци е еден од најзначајните наши локалитети, со откриен стар град кој своевремено претставувал економски и културен центар за регионот и точка која ги поврзувала егејскиот брег и Подунавјето.

Со континуитет на постоење од крајот на вториот милениум до крајот на римскиот, односно рановизантискиот период, Исар - Марвинци е дел од националната културолошка посебност и вредност.

🧱 Освен овој, на територијата на нашата општина се наоѓаат уште неколку значајни локалитети кои се цел на истражување на нашите археолози и сериозен потенцијал за развој на културата и туризмот овде.

🙌 „Нека е честит Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, и нека биде поттик да ја негуваме и афирмираме нашата култура и традиција пред светот.“ - порача градоначалникот Перо Костадинов на социјалните мрежи.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР