🌸 29 ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА ПРОЛЕТНИ ВЕСЕЛБИ „ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ“


💮 Од 5 до 8 мај годинава, со свечено отварање во Чалакли ќе започне одржувањето на традиционалниот фестивал на пролетни веселби, „Хид Бах Шен Фест“ кој е дел од Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото.

Фестивалот се одржува по повод празникот Х'дерелез, истиот е од традиционален карактер и во него ќе учествуваат културно уметнички друштва од нашата држава и Европа, претставувајќи ги сопствените културолошки и автохтони посебности.

🎍 „Хид Бах Шен Фест“, е фестивал од огромно значење за нашата заедница и култура. Овој фестивал сплотува, обединува и етаблира. Ја презентира нашата посебност пред светот и го симболизира мултикултурализмот како вредност, за која вреди да се вложува.

🙌 Преку културата и културниот натпревар разменуваме искуства, соработуваме и градиме нови пријателства.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР