🎶 35 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ - ФОЛК ФЕСТ ВАЛАНДОВО


🥁 Го најавуваме 35 јубилејно издание на фестивалот на новосоздадени македонски песни „Фолк Фест - Валандово 2022“.

🎼 Фестивалското издание ќе се одржи на 5 јуни (недела), со една натпреварувачка вечер, на која ќе бидат претставени 23 новосоздадени фолк композиции.

Во ревијалниот дел од фестивалската вечер, свој настап пред публиката ќе има доајенката на македонската фолк песна, Блага Петреска.

🎙 Како најава на фестивалската програма, на 3 и 4 јуни, на градскиот плоштад во Валандово предвидени се настапи на неколку реномирани изведувачи од македонската фолк и забавна сцена, кои во духот на македонската песна ќе го најават овогодинешното 35 јубилејно издание.

🎵 Фолк Фест - Валандово, е еден од симболите на нашата заедница и традиција која ја негуваат и надградуваат многу генерации.

📃 Фестивалот има исклучително културолошко значење и истиот е еден од симболите на нашата идентитетска посебност.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР