🙌 ПРЕКУ НОВИ ПРИЈАТЕЛСТВА ДО ЗАЕДНИЧКИ НАПРЕДОК


Денес, градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов ги претстави знаменитостите на нашата општина пред ученици и наставници од средното училиште „Свилајнац“ од Р. Србија, кои се во посета на општина Валандово, како дел од активностите преку RYCO проектот „New faces to old places - Нови лица на стари места“ кој го имплементираат заедно со нашето СОУ „Гоце Делчев“.

📝 Целта на проектот е подигање на свеста за важноста од меѓуетничка толеранција на народите од Западен Балкан, нивно поврзување од најмлади години и создавање цврсти пријателства кои ќе бидат основата за мирот и развојот на целиот регион.

📥 RYCO е меѓувладина организација, која ја поддржува и ја унапредува регионалната и интеркултурната соработка на младите во Западен Балкан. Преку RYCO програмите, младите се вклучуваат во активности што го зајакнуваат меѓусебното разбирање и го забрзуваат регионалното помирување на народите.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР