🖇 ВАЛАНДОВО - ИНФО ТОЧКА ЗА МЛАДИНСКА СОРАБОТКА


На 18.03.2022 година во организација на Младински сојуз - Крушево, заедно со Инфо центарот „Спојувалка“ и претставници од невладиниот сектор, локалниот бизнис, партиските подмладоци и институциите, беше одржана работна средба за процесот на младинска соработка со Грција.

Присутните дискутираа на следниве теми:

🔹️ Искуства од досегашната соработка;
🔹️ Дали може Валандово да биде инфо точка за младинска соработка;
🔹️ Кои се нашите следни заеднички чекори;

📘 Општина Валандово преку отварањето на инфо канцеларијата „Спојувалка“, е местото преку кое се поттикнуваат иницијативи и се развиваат механизми за континуирано дејствување и зајакнување на соработката со младите од Р. Грција.

Досега, имплементирани се 15 локални активности во кои се вклучиле над 100 млади луѓе од нашата општина како и активности во кои активно учество земале голем број млади од Р. Грција.

🙌 Преку иницијативите за младинска соработка, создаваме пријателства и отвараме нови можности за двете соседни општества. Ослободени од товарот на минатото, градиме партнерства со соседите и заеднички напредуваме.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР