📧 ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА КОН Е-ОПШТИНИ


🎙 Градоначалникот на општина Валандово Перо Костадинов, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски, бугарскиот министер за е-влада и дигитализација Божидар Божанов, пратеничката Моника Зајкова, извршната директорка на ЗЕЛС Душица Перишиќ, како и претставници од невладиниот сектор, учествуваа на панел дискусија по повод промоцијата на публикацијата - Прирачник „Дигитална трансформација кон е-општини“.

📲 Панел - дискусијата, имаше за цел да поттикне на поширока јавна дебата за потребата од дигитална трансформација и да сподели успешни примери на општинско ниво.

Дигитализацијата на општините е неопходен процес, кој на долг рок ја враќа довербата меѓу граѓаните и институциите, ја подобрува пристапноста до административната услуга, максимално ја развива транспарентноста и го надминува проблемот со корупцијата во локалните самоуправи.

💽 Општина Валандово, целосно е посветена на дигитализирање на општинскате услуги, инвестира во процесот на брза и ефикасна комуникација и досега имплементираше неколку дигитални алатки за развој на двонасочната комуникација со граѓаните.

Коавтори на Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини“, се комуникологот Бојан Кордалов и Тоше Зафиров. Настанот, беше организиран од Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондација „Фридрих Науман“, а во соработка со Министерство за локална самоуправа.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР