КОМПЛИМЕНТИ ЗА ЈОВАНА И РИСТЕ


Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, ги прими и разговараше со Јована Атанасова од ООУ „Страшо Пинџур“ - Јосифово и Ристе Атанасов од ООУ „Јосип Броз Тито“ - Валандово кои годинава се избрани за најдобри ученици во своите генерации.

Градоначалникот им честиташе за постигнатиот успех и им посака да продолжат по патот на науката, како и до сега.

Образованието е основен предуслов за развој на индивидуите и темелот за успех на заедниците.

Преку стекнување нови знаења отвараме можности и креираме перспективи. Стануваме подобри луѓе, се запознаваме со етичноста, критички опсервираме и учиме да мечтаеме.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР