МЕЃУНАРОДНА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ВО ВАЛАНДОВО


Градоначалникот на општина Валандово ги прими и разговараше со учесниците на ликовната колонија Валандово за 2022 година.

Заеднички го потврдија значењето на манифестацијата и вредноста која се создава преку истата. Градоначалникот Перо Костадинов лично им се заблагодари за годинешното учество и им посака многу успех во иднина.

Валандовската ликовна колонија има меѓународен карактер и опстојува 26 години.

Манифестацијата беше отворена на 2 јули и ќе трае до 7 јули. Истата, се одржува во Домот на културата во Валандово, учесниците творат во техники акрил и масло на платно и создаваат уметнички дела со голема вредност.

Насликаните дела, остануваат во сопственост на Домот на културата „25 мај“ - Валандово и се од огромно значење за локална посебност на нашата заедница.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР