МЛАДИНСКА РАЗМЕНА - НОВИ МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА


Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, ги посети и разговараше со претставници на македонски и грчки младински организации, кои преку Youth Alliance и SEE In Action деновиве се на размена во општина Валандово, преку Erasmus+ програмата.

Се разговаравме за активностите и заложбите на Општина Валандово, како и за можностите кои им се отвараат од воспоставената соработка. Преку активности од ваков тип, учесниците имаат можност да се запознаат, да споделат идеи, искуства и вештини и заеднички да работат на решенија за проблемите со кои се соочуваат, од двете страни на границата.

Оваа размена е дел од иницијативата Cooperation for a Common Future, а е помогната од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Истата, има за цел да ја овозможи и унапреди прекуграничната соработка на двете држави, како и да создаде институционален механизам кој ќе ги зближи младите луѓе и ќе отвори нови перспективи за нив, во иднина.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР