📈 БИЗНИС ФОРУМ ВАЛАНДОВО


Одржан е „Бизнис Форум 2022“ во општина Валандово. Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, отвори теми и дускутираше заедно со:

🔸 Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи,
🔸 Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска;
🔸 Локалниот бизнис сектор;

На Бизнис форумот, се дискутираше по двете централни теми:

🚩 Нови економски предизвици, можности и цели;
🚩 Даночната политика - партнер на бизнис секторот;

Локалните компании имаа можност да ги отворат сите останати прашања кои го засегаат нивниот бизнис и да дискутираат за новите предизвици со кои се соочуваат како претприемачи, во време на здравствена, економска и енергетска криза.

🤝 Преку двострана и директна комуникација на институциите и бизнисот, се гради меѓусебна доверба и се наоѓа решенија за сите проблеми. Ја споделуваме одговорноста, се поддржуваме и заедно одиме напред.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР