🚮 ЗАПОЧНУВА ОРГАНИЗИРАНО СОБИРАЊЕ НА ОТПАД ВО КАЗАНДОЛ И КАЛКОВО


🗑 ЈП „Комунален сервис“ Валандово, додели корпи за отпад на секое домаќинство и распореди контејнери во населените места Казандол и Калково. Започнувајќи од денес, системски се решава проблемот со отпадот во овие населени места и се прави исчекор кон почиста и поздрава животна средина.

♻️ За наредниот период, предвидени се активности за затварање на дивите депонии околу Казандол, расчистување на јавните површини и креирање одржлив систем со чиста и здрава околина, а започнуваме со изградба на нов систем за снабдување со вода за пиење, асфалтирање на улиците и затварање на дивите депонии околу Калково.

Инвестираме насекаде подеднакво, креираме рамномерен развој и заедно ги подобруваме состојбите.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР