💧 ЗГОЛЕМЕНИ КАПАЦИТЕТИ НА ВОДОСНАБДУВАЊЕ ВО БРАЈКОВЦИ


🚰 Во завршна фаза се активностите за обезбедување на навремена и квалитетна вода за пиење во Брајковци. Населеното место добива нова пумпна станица и дополнително количество на вода, согласно новите, зголемени потреби.

♻️ Изграден е нов артерски бунар и инсталирана е нова пумпа, со капацитет да обезбеди сигурни количества на чиста и здрава вода за пиење во текот на целата година. Се решава проблемот со недостатоци на вода во летниот период и во целост се задоволуваат потребите на граѓаните.

Заеднички, работиме по приоритет и градиме заедница подготвена да се справи со секој предизвик 🙌



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР