🔄 НАБАВЕНИ НОВИ САДОВИ ЗА СОБИРАЊЕ НА ОТПАД


📥 Како резултат на успешно реализираниот проект за набавка на механизација за подобрување на комуналните услуги во општина Валандово, со под-заем средства преку проектната единица на министерството за финансии и МСИП, проектот финансиран преку Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка во висина од 3.400.000 денари, добиени се неповратни грант средства за реализација на проектот за набавка на садови за собирање на отпад, во вредност од 765.069 денари.

Со грантот кој е доделен на Општина Валандово, набавени се:

🔸 215 пластични канти за собирање на отпад;
🔸 31 пластичен контејнер;
🔸 43 корпи за џебен отпад;

♻️ Комплетираме организиран систем за собирање на отпад и правиме уште еден чекор кон поздрава и почиста животна средина. Ги менуваме навиките, се организираме и оставаме позитивен пример за наредните генерации.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР