Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2  од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на четириесет и петтата редовна седница

на Советот на Општина Валандово

 

Ја свикувам четириесет и петтата редовна седница на Советот на Општина Валандово.

Седницата ќе се одржи на ден 22 Март 2021 година (понеделник) во 15,00 часот, во   Домот на културата „25-ти Мај“ Валандово.

За работа на четириесет и петтата редовна седница го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

- Завршна сметка на СОУ „Гоце Делчев“ Валандово за 2020 година;

- Завршна сметка на ООУ „Јосип Броз Тито“ Валандово за 2020 година;

- Завршна сметка на ООУ „Страшо Пинџур“ Јосифово за 2020 година;

- Завршна сметка на ЈОУДГ „Калинка“ Валандово за 2020 година;

- Предлог – Одлука за измена на Статутот на Општина Валандово;

- Предлог – Одлука за давање согласност за воведување на нови образовни профили во СОУ „Гоце Делчев“ Валандово;

- Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за експропријација на недвижност и резервирање на средства во Буџетот на Општина Валандово за надоместок на експроприраната недвижност;

- Предлог - Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Валандово во 2021 година.

 

 

 Совет на Општина Валандово

 Претседател

 Владимир Марков

 

 

 

 

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР