Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е за свикување на четириесет и третата редовна седница на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам четириесет и третата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 28 јануари 2021 година (четврток) во 13,00 часот, во Домот на културата „25-ти Мај“ Валандово.
За работа на четириесет и третата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Валандово за извештајниот период (кумулативно) за квартал 01.01.2020 година до 31.12.2020 година;
- Извештај за реализацијатата на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Валандово во 2020 година;
- Предлог - Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Валандово во 2021 година;
- Извештај за реализацијата на Програмата за одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Валандово за 2020 година;
- Извештај за работата на Територијалната противпожарна единица Валандово во 2020 година;
- Извештај за реализираната годишна програма за работа на ЈОУ Дом на културата „25-ти Мај“ Валандово за 2020 година;
- Предлог - Програма за работа на ЈОУ Дом на културата „25-ти Мај“ Валандово за 2021 година;
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема во Општина Валандово за 2021 година;
- Предлог-Одлука за давање право за поставување на урбана опрема – покриен шанк и тераса со настрешници во Валандово на КП 2837 КО Валандово;
- Предлог-Одлука за давање право за поставување на урбана опрема шанк и тераса со или без настрешници во Пирава на КП 15328 КО Пирава;
- Предлог-Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Валандово во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2);
- Предлог – Одлука зa одобрување на средства за реализација на програмски активности на Фудбалски клуб „Младост“ Удово;
- Предлог-Одлука за утрдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот на Јавната Општинска Установа-Детска градинка „Калинка“ Валандово за 2021 година;
- Предлог-Одлука за утрдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на јавните службеници во Јавната Општинска Установа-Детска градинка „Калинка“ Валандово за 2021 година;
- Предлог - Решение за констатирање престанок на мандат и за избирање член на Комисијата за јавно осветлување.
Совет на Општина Валандово
Претседател
Владимир Марков
?