Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на педесет и првата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам педесет и првата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 24 Септември 2021 година (петок) во 12,00 часот.
Поради мерките на Владата на РСМ за справување со COVID 19, седницата ќе се одржи онлајн преку електронската апликација Microsoft Teams.
За работа на педесет и првата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Годишен Извештај за работата на СОУ „Гоце Делчев“ Валандово за учебната 2020/2021 година;
2. Годишна Програма за работа на СОУ „Гоце Делчев“ Валандово за учебната 2021/2022 година;
3. Годишен Извештај за работата на ЈОУДГ „Калинка“ Валандово zа 2020/2021 година;
4. Годишна Програма за работа на ЈОУДГ „Калинка“ Валандово за 2021-2022 година;
СОВЕТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Претседател
Владимир Марков