Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2  од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам

 

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на пеесеттата редовна седница

на Советот на Општина Валандово

 

Ја свикувам пеесеттата редовна седница на Советот на Општина Валандово.

Седницата ќе се одржи на ден 30 Август 2021 година (понеделник) во 10,00 часот.

Поради мерките на Владата на РСМ за справување со COVID 19, седницата ќе се одржи онлајн преку електронската апликација Microsoft Teams.

 

За работа на пеесеттата редовна седница го предлагам следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д                                   

 

1. Годишен Извештај за работата на ООУ „Јосип Броз Тито“ Валандово за учебната 2020/2021 година;

2. Годишна Програма за работа на ООУ „Јосип Броз Тито“ Валандово за  учебната 2021/2022 година;

3. Годишен план за вработување на ООУ „Јосип Броз Тито“ Валандово за 2022 година;

4. Предлог-Решение за разрешување на член и именување на вршител на должноста член на Училишниот одбор-претставник на основачот на ООУ „Јосип Броз Тито“ Валандово;

5. Годишен Извештај за работата на ООУ „Страшо Пинџур“ Јосифово во учебната 2020/2021 година;

6. Годишна Програма за работа на ООУ  „Страшо Пинџур“ Јосифово за  учебната 2021/2022 година;

7. Годишен план за вработување на ООУ „Страшо Пинџур“ Јосифово за 2022 година;

8. Предлог-Решение за разрешување на член и именување на вршител на должноста член на Училишниот одбор-претставник на основачот на ООУ „Страшо Пинџур“Јосифово;

9. Годишен План за вработување на ЈОУДГ „Калинка“ Валандово за 2022 година;

10. Годишен план за вработување за 2022 година во ЈП „Комунален сервис“ Валандово;

11. Годишен план за вработување на ЈОУ Дом на културата „25-ти Мај“  Валандово во 2022 година;

12. Предлог – Решение за предлагање на член на Надзорниот одбор на заедничкото Јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА“ – Струмица;

13. Предлог – Одлука за утврдување на места на кои без надоместок е дозволено да се истакнуваат изборни плакати;

14. Предлог – Одлука за отстапување на движни ствари на ЈП „Комунален сервис“ Валандово.

                                                   

Совет на Општина Валандово                  

Претседател

Владимир Марков

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР