Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на четириесет и деветта редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам четириесет и деветтата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 05 Август 2021 година (Четврток) во 10,00 часот, во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на четириесет и деветтата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Валандово за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2021 до 30.06.2021 година;
- Предлог - Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Центар за развој на Југоисточниот плански регион број 07-56/7 од 25.07.2008 година;.
- Предлог - Одлука за основање на Центар за развој на Југоисточниот плански регион (Пречистен текст);
- Предлог – Одлука за определување на широчината на крајбрежен појас на водотекот „К1“ и „К2“ во опфатот на село Раброво;
- Предлог - Програма за дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на Општина Валандово за 2021 година;
- Предлог – Измена на Годишниот план за вработување на Општина Валандово за 2021 година;
- Предлог - Годишен план за вработување на Општина Валандово за 2022 година;
- Предлог Одлука за одобрување на средства како финансиска поддршка на Општина Валандово во изградбата на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Валандово;
- Предлог – Одлука за финансиска поддршка за реализација на спортско-културна манифестација „Јосифовско лето“ 2021 година;
- Предлог – Одлука за одобрување на средства за реализација на програмски активности на Спортски фудбалски клуб „ПРОКТ-ЈОСИФОВО“ – с.Јосифово, Валандово;
- Предлог – Одлука за одобрување на средства за реализација на програмски активности на Фудбалски клуб „Младост“ Удово;
- Предлог – Одлука за одобрување на средства за реализација на програмски активности на Фудбалски клуб „Победа“ Валандово;
- Предлог – Одлука за финансиска поддршка за реализација на спортска манифестација турнир во баскет 3 х 3 во Валандово;
- Предлог – Одлука за финансиска поддршка за реализација на традиционална манифестација „Ромска вечер“ 2021 година;
- Предлог – Одлука зa одобрување на средства за финансиска поддршка за одржување на традиционален меморијален рок концерт „ЦАЛЕ 2021“ во с. Јосифово;
- Предлог – Одлука зa одобрување средства за доделување на парична награда на учесници во справувањето со пожарите кои зафатија дел од подрачјето на Општина Валандово на почетокот од месец август 2021 година.
Совет на Општина Валандово
Претседател
Владимир Марков