СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО ДОНЕСЕ ОДЛУКИ ЗА ИЗГРАДБА НА НОВА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ОПШТИНАТА
🗂 Одржана е 48 седница на Советот на општина Валандово. Донесени се одлуки кои опфаќаат различни сфери на општественото живеење и имаат за цел да ги подобрат условите за живот во општина Валандово.
🛣 Покрај другите, на денешната седница донесена е Одлука за изменување и дополнување на Годишната Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општината, Одлука за утврдување на цени на услуги и воспоставување на систем за чистење на фекални води во општината, изгласан е Предлог - Елаборатот за проценета штета од елементарна непогода и други одлуки кои ги засегаат граѓаните и се во делокругот на локалната самоуправа.
Преку конкретни чекори, продолжуваме да градиме подобри услови за живот, насекаде. Инвестираме во нова и современа инфраструктура, чиста и здрава животна средина и поквалитетна комунална услуга. Создаваме заедница на рамноправни граѓани, инвестираме плански и решаваме граѓански проблеми.