Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2  од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам

 

 Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на четириесет и шесттата редовна седница

на Советот на Општина Валандово

 

Ја свикувам четириесет и шесттата редовна седница на Советот на Општина Валандово.

Седницата ќе се одржи на ден 28 Април 2021 година (Среда) во 14,00 часот.

Поради мерките на Владата на РСМ за справување со COVID 19, седницата ќе се одржи онлајн преку електронската апликација Microsoft Teams.

За работа на четириесет и шесттата редовна седница го предлагам следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

  1. Годишен извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2020 година;
  2. Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2020 година;
  3. Предлог – Одлука за за основање на заедничко јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња;
  4. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Годишната Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Валандово во 2021 година;
  5. Предлог-Програма за дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на Општина Валандово за 2021 година;
  6.  Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Валандово за извештајниот период (кумулативно) за квартал 01.01.2021 година до 31.03.2021 година;
  7. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Валандово за 2021 година;
  8. Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Валандово за 2021 година;
  9. Предлог-Одлука за неодржување на „Фолк-Фест Валандово 2021 година“.

 

 

Совет на Општина Валандово

Претседател

Владимир Марков

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР