Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 59 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам


Р Е Ш Е Н И Е


за свикување на четвртата редовна седница на Советот на Општина Валандово

Ја свикувам четвртата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 29 ноември 2021 година (понеделник) во 12,00 часот, во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на четвртата редовна седница го предлагам следниот:


Д Н Е В Е Н   Р Е Д


1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Валандово за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2021 до 30.09.2021 година;
2. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Валандово за 2021 година;
3. Предлог – Одлука за одобрување средства за лекување;
4. Предлог – Одлука за одобрување средства за инвалидска количка;
5. Предлог - Одлука за одобрување средства на планинари;
6. Предлог - Одлука за доделување на еднократна парична помош на семејства за запишување на дете во прво одделение во Општинските основни училишта
7. Предлог - Одлука за одобрување на средства за санирање на штетите од пожар на индивидуална семејна куќа сопственост на Седат Мурадов од с.Калково;
8. Предлог – Одлука за давање на приоритет за користење на грант сретства од Вториот проект за подобрување на општинските услugи МСИП2;
9. Предлог - Одлука за утврдување приоритет на Проектот „Изградба на водоснабдителен систем за с.Калково, Општина Валандово“;
10. Предлог - Одлука за сопствено учество во реализација на Проект „Изградба на водоснабдителен систем за с. Калково, Општина Валандово“;
11. Изјава дека Општина Валандово ги исполнува условите кои се бараат во врска со реализација на Проект: „Изградба на водоснабдителен систем за с.Калково, Општина Валандово“;
12. Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема во Општина Валандово за 2021 година;
13. Предлог – Решение за верификување на членови на Локалниот младински совет на Општина Валандово;
14. Предлог - Решение за именување членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунален сервис“-Валандово, претставници на основачот Општина Валандово;
15. Предлог - Решение за именување на членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие „Комунален сервис“-Валандово;


СОВЕТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Претседател
Владимир Марков

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР