Извршени и планирани реконструкции на училишен објект во Пирава


Во ПУ "Гоце Делчев" во Пирава изминатиот период беа извршени неколку реконструкции на училишниот објект:

🔹️ Комплетна замена на подната конструкција во училиштето;
🔹️ Нова ограда околу училишната зграда;
🔹️ Поставено е ново осветлување во училишниот двор;

Изработена е комплетна техничка документација за реконструкција на целиот училишен објект. Реконструкцијата ќе започне наскоро и ќе ги опфати следните фази:

🔸️ Замена на кровната конструкција;
🔸️ Замена на плафон;
🔸️ Замена на сите внатрешни врати;
🔸️ Комплетна замена на електрична инсталација;
🔸️ Целосна реконструкција на санитарни јазли;
🔸️ Молерофарбарски работи на целиот објект;
🔸️ Поставување на нова термо изолација во кровниот дел на објектот;
🔸️ Нова громобранска мрежа;
🔸 ️Нова водоводна и канализациона мрежа;
🔸 ️Приод до објектот и изградба на специјализирани тоалети за лица со попреченост.

Инвестираме во современ и безбеден објект за учениците од Пирава.

Подобрувањето на условите во образовните институции е врвен приоритет за Општина Валандово.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР