ДИГИТАЛНАТА АПЛИКАЦИЈА „мЗаедница“ ДОСТАПНА ЗА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Во работна посета на Општина Валандово е Милан Танчески, директорот на Центарот за социјални иновации БЛИНК 42-21, кој претходниот период ја создаде дигиталната алатка мЗаедница.
Општина Валандово официјално започнува да ја користи дигиталната алатка мЗаедница која овозможува електронска двонасочна комуникација меѓу граѓаните и локалната самоуправа, без физичко присуство во општината.
мЗаедница е дигитална апликација која е достапна преку IOS и Android уредите. Апликацијата нуди можност за директна комуникација помеѓу граѓаните и општината, меѓусебно поврзување со другите корисници и преземање на заеднички акции за подобар живот во заедницата.
Граѓаните преку апликацијата мЗаедница можат да пријавуваат проблеми, да даваат свои креативни предлози и да започнуваат иницијативи за уредување на одреден јавен простор, во секое време од денот преку сопствениот телефон.
Целта на имплементирање на оваа алатка е поголема достапност до локалната самоуправа, зголемување на директноста во комуникацијата и создавање можност за брза и ефикасна соработка меѓу граѓаните и институцијата. Градиме отворена локална самоуправа и ја поттикнуваме граѓанската вклученост.