На 30.04.2021 година, Велики Петок, градоначалникот на Општина Валандово заедно со претставници од Амбасадата на Република Србија и на Српската заедница, положија свежо цвеќе во Спомен-костурницата во Удово, во знак на сеќавање на загинатите српски војници.

Во криптата на оваа капела почиваат посмртните остатоци на 261 српски војници кои загинаа на Велики Петок во 1915 година како и посмртните остатоци на 2000 српски војници кои загинаа во текот на Првата светска војна.

Овој важен историски ден за српскиот народ, денес претставува уште една алка на заедништво помеѓу двата народи и можност за дополнително продлабочување на меѓусебното пријателство кое опстојува долг период наназад. Преку настаните од историјата се поврзуваме и заедно чекориме напред. Практикуваме европски вредности и трасираме патека на мир и развој со соседите.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР