Амбасадорката на САД во Северна Македонија Н.Е. Кејт Мари Брнз ги посети СОУ „Гоце Делчев“ - Валандово и инфо центарот „Спојувалка“.
Одблизу се запозна со работата на средното општинско училиште, практичната настава на учениците која се одвива таму, иновативните процеси кои се воведени, како и со развивањето на училишната економија.
При посетата на инфо центарот „Спојувалка“, амбасадорката одржа дискусија со млади од општина Валандово и од Р. Грција на тема „Животот на младите од двете страни на границата“. Покрај тоа, беше запознаена со досегашните активности на младинскиот центар и со целите за младинско поврзување во иднина.
Се запознаваме подобро, втемелуваме заеднички визии и заедно креираме развој.
Пријателствата се нашата вредност. Ги негуваме истите, ги продлабочуваме и заеднички напредуваме.