Градоначалникот Перо Костадинов, заедно со Амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнз на крајот од работната посета на нашата општина, го посетија археолошкиот локалитет „Исар“ - Марвинци.

Се работи за еден од најзначајните локалитети во нашата држава, каде е откриен стар град кој се наоѓал на главната магистрала која го поврзувала егејскиот брег со внатрешноста на Балканот и Подунавјето.

Досега, откриена е градска населба преку која е евидентиран континуитет, без некакви позначајни прекини, од нејзиното постоење.

Локалитетот има континуитет на живеење во период од крајот на вториот милениум до крајот на римскиот, односно рановизантискиот период.

Решени сме да инвестираме во нашите вредности како оваа. „Исар“ - Марвинци е дел од нашата посебност, го препознаваме неговиот потенцијал, фокусирани сме на таа цел и ќе дадеме се од себе да го искористиме.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР