ГРАДИМЕ МОСТОВИ НА ПРИЈАТЕЛСТВА
Во официјална посета на општина Валандово е Амбасадорката на САД во Северна Македонија H.E. Кејт Мари Брнз.
Градоначалникот, заедно со амбасадорката, одржаа работен состанок на кој разговараа за заедништвото на двете држави и двата народи, за стратешкото партнерство и поддршката од САД во најважните моменти за нашата држава, како и за можноста за вмрежување на граѓаните на локално ниво.
САД се протагонисти и на процесот на младинско поврзување од регионалните држави и отварањето на инфо центарот „Спојувалка“ во Валандово, како дел од мрежата на Youth Alliance, кој поттикнува младинско пријателство и соработка во регионот.
Учиме од предизвиците со кои се соочиле САД. Посакуваме заедно да градиме иднина и да оставиме пријателска трага за наредните генерации. Да ги зближиме граѓаните на двете држави и да изградиме силни партнерства кои траат.

