ГРАДИМЕ ТРАНСПАРЕНТНА И ОТВОРЕНА ОПШТИНА


Градоначалникот на Општина Валандово одржа работен состанок со Заменик претседателот на Владата, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски. Се разговараше за нивото на транспарентност на Општина Валандово, отчетноста на функционерите и потребата за градење систем кој ефикасно се бори со корупцијата и криминалот во заедницата.

Општина Валандово направи сериозен исчекор на полето не отчетноста и во моментов е на врвот на скалата за транспарентност во државата. Општината е целосно отворена, постојано прогресира на овој план, а има донесено и Годишен план за спречување на корупцијата во кој се пропишани сите потребни мерки и алатки за ефикасно справување со истата.

Заедничка цел е да се изгради систем кој се спротивставува на злоупотреби и јасно ја лоцира одговорноста. Се минимизираат дискреционите права на носителите на јавни овластувања и гсе ради заедница на силни институци и одговорни функционери.


ЛИНК од пост на официјалната страница на Влада на Република Северна Македонија (Со транспарентни и отчетни општини, до успешна борба против корупција)

ЛИНК од пост на официјалната страница на Влада на Република Северна Македонија (Ги ограничуваме трошењата на функционерите, ја зголемуваме одговорноста и транспарентноста, пристапот на граѓаните до информациите)

ВИДЕО од обраќања и изјави

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР