НОВА ИНДУСТРИСКА ЗОНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ПОСТОЈНИТЕ ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ ВО ВАЛАНДОВО


Во работна посета на општина Валандово е директорот на ТИРЗ - Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски. Се разговараше за индустриските зони во општината, отворените капацитети во истите и новите индустриски зони кои набрзо ќе се отворат.

По работниот состанок, градоначалникот Перо Костадинов заедно со директорот Деспотовски ја посетија компанијата "ВИК - МАР" која се занимава со откуп и транспорт, како и млекарата "Вардарец" како први отворени капацитети во индустриската зона - "Јосифово".

Преку јавна постапка, претходниот период беа пополнети сите слободни места во оваа индустриска зона. Од страна на општината беше изградена подземна комунална инфраструктура и тампонирани индустриските улици.

🏭 Во моментов, започнати се инвестирања на неколку стопански субјекти од различен вид и изградба на нови капацитети кои ќе служат во производствениот процес на компаниите. Преку овие инвестиции се очекува сериозен прогресивен допринос во локалниот економски развој и отварањето на нови работни места.

🈴 Истовремено, Општина Валандово привршува со процесот на создавање нова индустриска зона, наменета за стопански субјекти кои ќе се занимаваат исклучиво со произвотство, преработка, откуп и складирање на земјоделски производи.

Целта на овој чекор е зголемување на капацитетите за апсорбција и пласман на земјоделскиот производ, производство на земјоделски аутпут, подобрување на побарувачката на истиот и прогресирање на откупната цена.

Продолжуваме да ги подобруваме условите за стопанските субјекти, да овозможуваме раст на конкурентноста и да го развиваме земјоделието како стратешка предност.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР