Делегацијата на општина Трбовље во посета на ТППЕ Валандово


На крајот на денешниот работен ден, градоначалникот Перо Костадинов заедно со градоначалничката на Трбовље, Јасна Габриќ, ги посетија пожарникарите од ТППЕ Валандово.

Во чест на долгогодишната соработка и продлабочување на заедничкото пријателство помеѓу двете општини, на припадниците на противпожарната единица им беше подарена професионална опрема која ќе ја зголеми нивната безбедност при вршење на сопствената должност.

Заедно сме посветени на зацврстување на нашето пријателство и градиме силни врски за долг рок. Учиме еден од друг, се поддржуваме меѓусебно и оставаме позитивен пример за наредните генерации.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР