ЈАСНА ГАБРИЌ ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО


Во официјална посета на oпштина Валандово е градоначалничката на нашата збратимена општина Трбовље и ко - претседавач со Комитетот на регионите (ЗКК) во ЕУ, Јасна Габриќ.

Заедно со градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, го посетија СОУ „Гоце Делчев“ - Валандово, каде претставници од училиштето имаа можност да и ги претстават своите активности, успешната реализација на образовни проекти финансирани од ЕУ, како и изведувањето на стручната настава на земјоделските паралелки.

СОУ „Гоце Делчев“ досега има реализирано голем број на проекти поддржани од ЕУ кои овозможуваат мобилност на учениците и поттикнуваат на размена на искуства и стекнувања нови знаења, со ученици од други држави.

Исто така, беа претставени училишната винарска визба и процесот на производство на вино и ракија, механизираната линија за производство на сок од калинка, како и стакленикот за производство на цвеќе и органски градинарски производи.

Потоа следеше Инфо сесија на Инфо поинтот „Спојувалка“, на која се разговараше за можностите кои ги отвара ЕУ, потребата од поврзувањето на младите и дијалогот како суштествен елемент на мирот и соработката.

Инфо центарот „Спојувалка“ е дел од мрежата на Youth Alliance и е симбол на младинската меѓусоседска соработка.

🇲🇰 🇸🇮 🇪🇺



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР