СИСТЕМОТ ЗА НАВОДНУВАЊЕ „ЈУЖЕН ВАРДАР“ ВО ЗАВРШНА ФАЗА 


Градоначалникот Перо Костадинов заедно со Вицепремиерот Љупчо Николовски и Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски извршија увид во градежните активности на системот за наводнување "Јужна Вардарска долина", кој е во завршна фаза на изведба.

Системот за наводнување "Јужна Вардарска долина" е капитален проект од огромна важност за граѓаните и општинскиот развој. Истиот ќе обезбеди поголем квалитет на земјоделска обработка и континуирано снабдување со вода за наводнување во текот на цела година.

Проектот се финансира преку Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, со средствата на Владата на Сојузна Република Германија, преку развојната германска банка "KFW" и со средства од Владата на Република Северна Македонија.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР