РАЗГОВАРАМЕ И УЧИМЕ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА


🧑‍🏫 Заедно со учениците од четврто одделение од ООУ "Јосип Броз Тито" - Валандово градоначалникот присуствуваше на практичен час по предметот "Општество" кај учителката Даниела Виларова, во чии рамки се изучува темата "Општина".

Преку интерактивна настава се отворија прашањата за функционалноста на една локална самоуправа, нејзините надлежности и законски обврски. Основците беа заинтересирани да знаат кои се органите на Општината, како се бира градоначалник, како функционира Советот на локалната самоуправа и други прашања од оваа област.

Наставата се одржа преку националната платформа за онлајн учење, согласно пропишаните протоколи за справување со пандемијата.

🧑‍🎓Запознавањето на учениците со општествените прашањата од најмала возраст е суштествено за нивната вклученост во заедницата и градењето на отворена заедница и будни индивидуи.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР