РАБОТНА ПОСЕТА НА ПРАТЕНИЧКАТА ДРАГИЦА ЃАВОЧАНОВА НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО


Пратеничката Драгица Ѓавочанова ги застапува интересите на граѓаните од трите соседни општини, Валандово, Богданци и Дојран во Законодавниот дом. Со неа, градоначалникот разговараше за потребите на граѓаните од општина Валандово, за инфраструктурните проекти кои се неопходни да се реализираат во најбрз можен рок, како и за можностите за поддршка на општината преку Законодавниот дом.

Заедно го посетија СОУ „Гоце Делчев“ - Валандово, каде постојат развиени капацитети за практична настава и воспоставен модел на создавање квалификуван кадар на крајот од образовниот циклус. Исто така се разгледа и планот за искористување на потенцијалите за привлекување на поголем број средношколци преку нови струки во училиштето и можноста преку истите да се создаде дополнителен развоен импакт во општината и регионот.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР