НОВА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Денес, одржавме работен состанок со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. На истиот, разговаравме за состојбата со инфраструктурата во општината, приоритетите за граѓаните и можностите за развој. Општина Валандово означува точка на поврзување на неколку гранични премини и клучни државни патни правци. Инвестирањето во подобра патна инфраструктура овде, покрај локалниот, го поттикнува и регионалниот развој.
По работниот состанок, го посетивме населеното место Чалакли каде за неколку дена ќе започне со изградба централната улица во ова населено место. Улицата ќе биде финансирана од министерството за транспорт и врски и Општина Валандово. Истата, ќе биде со должина од 637 метри, со тротоар во правец на улицата во должина од 300 метри, а ги поврзува сите значајни објекти во населеното место: пошта, фестивалска сцена, џамија и основното училиште.
?