ОТВАРАМЕ НОВИ ПРАШАЊА И ТРАСИРАМЕ ПАТ КОН ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ


Денес, во присуство градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, градоначалничката на Трбовље и ко - претседавач со Комитетот на регионите во ЕУ (ЗКК), Јасна Габриќ, заедно со Извршниот директор на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, Претседателот на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, Коста Јаневски, градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова се одржа работна сесија за локалната самоуправа и новите предизвици.

Се разговараше за иднината на нашите локални самоуправи, можностите кои ги нуди ЕУ, искуствата на локалните заедници од земјите членки на унијата, потенцијалите за соработка и развој, како и за потребата од стекнување нови знаења и развивање на капацитети за брза адаптација.

Се вмрежуваме и суштински отвараме прашања кои не засегаат. Посветени сме на нашата перспектива, учиме од подобрите од нас и ја прифаќаме сечија поддршка на тој пат. Насочени сме кон евроинтегративниот процес и таму ја трасираме нашата развојна политика. Преку соработка и пријателство до европски вредности дома и подобро утре за сите.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР