БРАЈКОВЦИ ДОБИВА НОВИ УЛИЦИ
Започна постапката за изградба на нови улици во Брајковци кои ќе го поврзуваат населеното место со регионалниот пат и локалната црква. Улиците ќе бидат во должина од 600 метри, ширина од 4.5 метри и трајно го решаваат инфраструктурниот проблем на околу 80 граѓани.
Со изградбата на овие улици, значајно се подобрува квалитетот на инфраструктурата во Брајковци и трајно се решаваат суштинските проблеми на ова населено место.
Во претходниот период, ова населено место доби:
🟡 канализационен систем за отпадни води;
🟡 нова детска градинка;
🟡 пешачка патека покрај регионалниот пат;
🟡 организиран систем за собирање на отпад;
🟡 целосно заменето старо со ново енергетски ефикасно јавно осветлување.