ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ИЗГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО РАБРОВО
📑 Денес, во присуство на Претседателот на Владата, Зоран Заев, од страна на Заменик на претседателот на Владата, Фатмир Битиќи и Главниот извршен директор и Претседател на "ТАВ Аеродроми", Сани Шенер на градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов, му беше доделен договорот за изградба на канализационен систем во Раброво.
Со договорот е предвидено обезбедување на средства во висина од 33.906.228 денари за изградба на фекална канализација и колекторски систем за отпадни води во Раброво.
На овој начин, исправаме уште една неправда во општина Валандово. Граѓаните од Раброво не се повеќе заборавени и нивниог глас е слушнат. Добиваат канализација и решавање на најгорливиот комунален проблем за нив, децении наназад.