ЧЕСТИТ ДЕН НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Претставници од локални и државни институции, здруженија на граѓани, како и локални ограноци на политички партии положија свежо цвеќе пред споменикот на борците од НОБ во градскиот парк во Валандово.
На овој начин беше оддадена почит кон загинати борци од НОБ, одбележано страдањето на македонскиот народ во борбата за слобода од фашизмот и потврден заедничкиот стремеж за демократска општина и рамноправни граѓани во неа.
Нека е честит и вековит 6 ноември - Денот на општината.