ДОБРЕДОЈДОВТЕ ПРВАЧИЊА


🎒 Новите првачиња од општина Валандово денес го имаат првиот училишен ден. Тие, заедно со своите учители го одржаа првиот час, се запознаа со своите нови другарчиња и зачекорија по нова животна патека.

🏫 По повод првиот училишен ден, општина Валандово во соработка со општествено одговорните компании #Halkbank и #Credissimo им додели пакетчиња со училишен прибор.

👩‍🏫 Годинава, учениците наставата ќе ја следат со физичко присуство, а за нивна безбедност од страна на училиштата беа превземени сите мерки и протоколи пропишани од надлежните здравствени институции.

👋 Градоначалникот Перо Костадинов на учениците им посака добро здравје, радости и многу насмевки. Секој од нив да тргне по патот кој најмногу го исполнува, да расте постојано и да постави цели повисоки од просекот. Да создадат вредност зад себе и да изградат подобар свет околу себе.

Нека им е со среќа 🍀



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР