ЧЕСТИТ ДЕН НА ПОЖАРНИКАРИТЕ
👨🚒 На пожарникарите од ТППЕ - Валандово, како и на сите останати припадници во оваа служба градоначалникот им го честита 20 мај - Денот на пожарникарите.
Тој им се заблагодари за нивниот пожртвуван пристап при вршење на работните задачи и за целокупниот професионален придонес периодот наназад.
🧯 ТППЕ е исклучително важен елемент во заедницата. Ги заштитува материјалните добра и човечките животи. Симболизира сигурност и е поддршка на граѓаните при секоја непогода.
Општина Валандово постојано инвестира во територијалната противпожарна единица. Го подобрува нејзиниот кадровски потенцијал, ја зајакнува нејзината техничка опременост и значително го унапреди статусот на секој еден пожарникар.
Претходниот период, ЕЛС Валандово го усогласи Правилникот за утврдување на плати со Законот за пожарникарство, со што значително се подобри статусот на сите пожарникари во ТППЕ - Валандово и се отстрани неправдата кон нив, од изминатиот период. Исто така, за краток временски период единицата ќе добие специјализирано возило како донација од операцијата "Флоријан", како и нова професионална опрема за секој припадник на единицата.
🚒 Се инвестира во современа и опремена единица, се зголемува безбедноста на пожарникарите и се гарантира сигурноста на локалната заедница.