Мобилен тим за помош и поддршка на стари лица опслужува граѓани во општина Валандово


Во општина Валандово активно функционира мобилен тим за помош на ранливи групи, стари и изнемоштени лица, хронично болни и семејства со лица со попреченост. Тимот е дел од проектот за општинско - корисна работа и истиот се реализира според претходно предвидениот план на активности. Во мобилниот тим за помош и поддршка се вклучени:

🔹️ медицинско лице,
🔸️ социјален работник и
🔹️две лица за основни работи.

Членовите на мобилниот тим се во секојдневна комуникација со граѓаните кои имаат потреба од помош и истите пружат основна медицинска помош и вршат набавка на прехрамбени продукти, средства за хигиена, лекови и сл.

🔷 Сите граѓани кои имаат потреба од услугите на тимот за поддршка, може да се јават на:

📞 071/239-849

#СеГрижиме

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР