📜 ДОДЕЛЕНА НАЈВИСОКАТА ОПШТИНСКА НАГРАДА И ПРИЗНАНИЈА ЗА 2021 ГОДИНА


Во холот на Домот на култура „25 Мај“ - Валандово, се одржа свечен настан на кој беа доделени „6-то Ноемвриската“ награда и општински признанија за постигнат успех во 2021 година.

„6-то Ноемвриска награда“ за 2021 година беше доделена на:

🔹 Фудбалскиот клуб КМФ Проект - Јосифово.

КМФ Проект, годинава беше државен шампион во мал фудбал и забележи успешен настап на европската фудбалска сцена. Преку своите успеси ја промовираше нашата општина и ги поттикна младите луѓе од заедницата да спортуваат и победуваат.

Општински признанија за 2021 година беа доделени на:

🔹 Д-р Борислав Калковалиев
🔹 репрезентативките Драгана Гегова и Катерина Петкова
🔹 Здружение на лозари „МАК ВРАНЕЦ“ - Пирава Валандово
🔹 Сојуз на борци - Валандово
🔹 ТППЕ - Валандово
🔹 ЈП Национални шуми - подружница Саланџак - Валандово
🔹 ДЗС - Валандово
🔹️ ФК Младост - Удово

Нека е честит и вековит празникот на општината.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР