ИЗБРАНИ УЧЕНИЦИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈА ВО СОУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ - ВАЛАНДОВО


📚 Елена Гребенакова од гимназиските паралелки и Христијан Ристоманов од земјоделско - ветеринарната струка се првенци на генерацијата 2017/21 во СОУ „Гоце Делчев“ - Валандово.

📖 Образованието е основен предуслов за развој. Преку стекнување нови знаења отвараме можности и стекнуваме вредности. Стануваме подобри луѓе, се запознаваме со етичноста и учиме да мечтаеме.

На Елена и Христијан, градоначалникот Перо Костадинов им честиташе за постигнатиот успех и им посака многу здравје, радости и нови животни победи. Исто така тој им порача да продолжат по патот на науката, да поставуваат високи цели, да веруваат во себе и да сонуваат.

Само напред 👏❤️



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР