ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО НАШИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ


🏪 По повод 12 мај - Денот на медицинските сестри, градоначалникот заедно со директорот на ЈЗУ Здравствен дом - Валандово, Роберт Марков ги посетија здравствените ординации во Валандово, им го честитаа меѓународниот ден на нашите медицински сестри и им се заблагодарија за преданата и пожртвувана работа до сега.

Во име на граѓаните на општина Валандово на медицинските сестри од општината им врачија благодарница во форма на плакета за особен придонес при справувањето со Covid-19 во општина Валандово и грижата кон граѓаните и нивното здравје изминатиот период.

Медицинските сестри ја заслужуваат нашата благодарност за сета пожртвуваност и професионалност при вршење на сопствената служба и се за пример во заедницата. Нека им е честит Денот на медицинските сестри и нека ги служи добро здравје.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР