ПОЕТСКА ВЕЧЕР ВО ВАЛАНДОВО


Општина Валандово и Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст - Струмица“ го организираат културниот настан „Валандовско поетикување“.

„Валандовско поетикување“, претставува поетска манифестација на која авторите од нашата општина и регионот со помош на интерпретација и слободен уметнички пристап се претставуваат пред публиката. Настанот ги зближува роднокрајните автори и ги поттикнува кон формирање на поетско јадро кое нуди вредност на публиката.

Право на учество на овие настани имаат сите заинтерисирани автори и луѓе кои се занимаваат со перформанс.

На настанот во Валандово, сопствен настап ќе имаат авторите Вања Изова Велева, Ѓорѓи Калајџиев, Митко Гогов, Мирна Трпкова и Ален Нанов како гости, додека автори домаќини ќе бидат Бранко Ѓеоргиев, Станка Бајлозова Барламова, Магдалена Јованова и Цветанка Џонова.

Настанот ќе се одржи денес, 11.06.2021 година, во 18:00 часот, во паркот Пеонија и истиот има за цел да го доближи творештвото на нашите автори поблиску до читателите и да го афирмира роднокрајниот автор и неговото дело.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР