КРЕИРАМЕ ЗАЕДНИЧКИ ВИЗИИ И ГРАДИМЕ ПРИЈАТЕЛСТВА


Во саботата, 18.09.2021, во организација на Младински сојуз - Крушево и Општина Валандово се одржа Младинскиот фестивал во Валандово - „Experiencing Cooperation“.

На Младинскиот фестивал присуствуваа претставници од домашни младински организации и организации од Република Грција, како и Заменик амбасадорот на САД, Eric Meyer. Преку свои обраќања и заеднички активности, на фестивалот се испратија пораки за соработка и заедништво во различностите и силен стремеж за креирање заедничка иднина.

Претходниот период во општина Валандово беше отворен и младинскиот инфо центар - „Спојувалка“, како дел од мрежата на Youth Alliance. Целта на инфо центарот беше воспоставување младинско тело за прекугранична соработка со Грција, поврзување на двата народа и креирање заедничка иднина во регионот.

Градоначаликот Перо Костадинов на присутните гости им порача да се запознаеме подобро, да втемелиме заеднички визии и интереси и да продолжиме по патот на силните пријателства и развојот.

Да си помагаме, да не си одмагаме и да градиме подобро утре, заедно.

Да живеат новите пријателства 🤝



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР