ВАЛАНДОВО ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДНАТА КАМПАЊА НА ФИБА


🏀 Девојчиња од општина Валандово на возраст од 6 до 10 години зедоа активно учество во проектот на Меѓународната Кошаркарска Федерација #HerWorld, #HerRules како дел од истоимената глобална кампања.

Кампањата е проследена со редица спортски активности и има за цел да го поттикне психофизичкиот развој кај девојчињата, да втемели етички вредности кај нив, да ја развие способноста за тимска работа и да ја афирмира женската кошарка во нашата општина и држава.

Активностите се одржаа во спортската сала во Валандово согласно мерките и препораките на надлежните здравствени институции за заштита од "Covid - 19", како и Протоколот за работа на кошаркарските клубови на КФСМ.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР