Инфо-сесија во Валандово за работата на RYCO, ОБСЕ и Агенцијата за млади и спорт


Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и локалната канцеларија во Скопје подржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со особено задоволство Ве покануваат на инфо-сесијата преку која ќе се запознаете со работата и тековните проекти на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) што ќе се одржи на денес, 06 декември, во Дом на културата „25 мај“ во Валандово, почнувајќи од 15:00 часот.

Во рамки на настанот, ќе бидат претставени целите, мисијата, активностите и тековните проекти на организацијата RYCO во кои младите од различни локални заедници можат активно да се вклучат. За време на настанот учесниците ќе имаат можност и лично да го запознаат младинскиот претставник во RYCO, со кого директно можат да разговараат за потребите на младите, за можностите на младите во различните локални заедници, како и да споделат искуства од претходни младински размени и придонесот кон нивниот личен развој и кон заедницата. Исто така, ќе имате можност да се запознаете со работата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како и со работата на Агенцијата за млади и спорт.

Повеќе детали можете да најдете во оваа покана и агенда.

Поканата е отворена за сите млади, претставници и управители на НВО, претставници на основни и средни училишта, претставници на културни и спортски друштва и други организации.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР