ОПШТИНА ВАЛАНДОВО НАЗНАЧИ СЛУЖБЕНИК ЗА МЛАДИ
📋 Владимир Лазов е назначен за службеник за млади во Општина Валандово, согласно Законот за младинско учество и младински политики. Службеникот за млади, ќе биде лице кое има континуирана соработка и комуникација со младинските организации, младите луѓе и ресорните институции со цел подобрување на состојбите со млади на локално ниво.
📊 Преку овој чекор за административно организирање и поддршка на младите се создаваат сите потребни предуслови за нивна вклученост и можност преку креативни младински активности да креираат политики на локално ниво и да бидат важни чинители во заедницата. Преку сеопшта вклученост на мислења и концепти, создаваме одржлив развој и заеднички успех.
📧 Младите и младинските организации ќе можат да комуницираат со него преку: administracija@valandovo.gov.mk
Дополнителни податоци можете да најдете на овој ЛИНК.